Дата на објава:
31 Октомври 2009Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ја посети фармата за органско производство што е дел од органската винарска визба „Грков“ кај Кавадарци.
Фармата располага со 140 кози, раса „алпина“, од чие млеко се проиведуваат седум типови органско сирење, со сертифицирани површини за органско градинарско производство и овоштарство, со 11 хектари сопствени лозови насади за производство на органско грозје, а има и ресторан со сала за дегустација, за организиран пречек на туристи.
Министерот Љупчо Димовски, имаше можност да ги дегустира првите органски произведени вина во Македонија.