Министерот за земјоделство Љупчо Димовски ја посети свињарската фарма на велешка Агриа
Дата на објава: 
25 Јануари 2010
Agria.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски ја посети свињарската фарма на велешка фирма ,,Агриа,,Во разговорите со менаџерскиот беше констатирано дека оваа фарма ги здоволува  највисоките европски нормативи на  свињарска фарма.

 


Тутунарите задоволни од откупот
Дата на објава: 
22 Јануари 2010
Sostanok so tutunarite 007.jpg

Откупот на тутунот привршува, досега преземените 22.000 тони го натфрлија очекуваното, квалитетот е одличен, а производителите се генерално задоволни од проценката, од просечната цена што достигна 192 денара и од владината поддршка - 60 денари за предаден килограм.


Заврши проектот за развој на пчеларството ТИКА
Дата на објава: 
21 Јануари 2010
100_1849.jpg

Производство на висококвалитетен мед, млеч, прополис и полен, формирање нови одгледувалишта на пчели и модернизација на постоечките, се дел од резултатите на проектот „Развој на пчеларството во источна Македонија“ што изминатите три години го реализираше Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Турската Администрација за Соработка и Развој (ТИКА).

 


Производителите и преработувачите ќе ги зајакнуваат договорните односи
Дата на објава: 
21 Јануари 2010
rabotilnica za razmena.jpg

Се зголемува интересот на европскиот пазар за македонските конзервирани производи, но домашните преаботувачи не можат да одговорат на предизвикот. Не произведуваат доволно поради немање суровина, а проблемот, велат, е во непостоењето договорни односи со земјоделците.

Ова беше клучна тема и на денешната работилница „Подобрување на хоризонталните врски помеѓу преработувачите и производителите и политиката на МЗШВ за унапредување на меѓусебната соработка“ што ја организираа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агбиз програмата на УСАИД.


Средба на државниот секретар Јашари со бугарскиот заменик министер за земјоделство Димитров
Дата на објава: 
15 Јануари 2010
Jasari - dimitrov 1.jpg

 

Во рамки на саемската манифестација ,,Зелена недела,,, која од денеска до 24 овој месец се одржува во Берлин Германија, државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари, оствари билатерална средба со Цветан Димитров,  заменик министер за земјоделство на Република Бугарија.

 


Syndicate content