Производителите и преработувачите ќе ги зајакнуваат договорните односи

Дата на објава: 
21 Јануари 2010
rabotilnica za razmena.jpg

Се зголемува интересот на европскиот пазар за македонските конзервирани производи, но домашните преаботувачи не можат да одговорат на предизвикот. Не произведуваат доволно поради немање суровина, а проблемот, велат, е во непостоењето договорни односи со земјоделците.

Ова беше клучна тема и на денешната работилница „Подобрување на хоризонталните врски помеѓу преработувачите и производителите и политиката на МЗШВ за унапредување на меѓусебната соработка“ што ја организираа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агбиз програмата на УСАИД.

- Побарувачката на преработки во ЕУ се зголемува. Затоа мора да соработуваме со примарните земјоделци. Ако ние сме подготвени да го прифатиме договореното количество производи, фармерите се обврзани да го испорачаат, истакна Борис Алексиев, престедател на Асоцијацијата на прерабоутвачи.

 

Според него, доколку успешно се реализира идејата за снабдување на пазарот, ќе има подобри финансиски резултати, економски раст, нови вработувања и ангажирање нова сезонска работна сила.

 

- Производството е секогаш недоволно за странските пазари. Имаме конкуренција, но поголем проблем е тоа што не можеме да испорачаме доволно количини. Сите фабрики во Македонија работат со половина од капацитетите, изјави Момчило Ивановски од „Бонум“.

- Добри се чекорите на Владата за договорно производство иако не мислам дека годинава со тоа ќе направиме бум. Но, тргнавме во добра насока. Целта е земјоделците да производат она што е потребно за индустријата и повеќе за свежиот пазар, за 30 до 40 отсто од производството да имаат обезбеден палсман. Другите 60 проценти може да ги продаваат на пазарот и да постигнат многу подобра цена, рече Ивановски.

 

Производителите и преработувачите склучуваат договори за откуп, но тие се најчесто малку и лабилни, не се почитуваат од двете страни.

Еден од главните приоритети на Владата во следниот период ќе биде подобрување на односите меѓу преработувачите и примарното произодство.

- Имаме голем структурален проблем. Тие треба навремено, пред почнување на откупот, да ги договорат количините и цените, напомена заменик-министерот за земјоделство Перица Иваноски и додаде дека МЗШВ годинава преку програмите за финансиска поддршка предвидува повеќе мерки кои треба да ги зајакнат овие односи.

 

- За градинарските производи има нова мерка, субвенции од 1,5 денар за килограм предаден во преработувачи капацитет. Ова е дополнителна стимулација на онаа што се дава по површина и ќе им биде доделена само на оние производители што имаат склучено договори со прерарботрувачите со цел домашното производство да остане во Македонија и како производ со додадена вредност да биде извезен на надворешните пазари, објасни Иваноски.

 

Во владина постапка се и измените наЗаконот за земјоделство согласно кои, преку работни групи, ќе се остварува континуиран дијалог меѓу субјектите во делот на потсекторското произвдоство, примарни производители, преработувачи, трговци. Со законот ќе биде обврзно секој откуп да биде договорен и испочитуван.

 

Според заменик-министерот, неконкурентноста на нашите производи е комплексен проблем кој, сепак, генерално, лежи во немањето договорни, добро смислени односи.  - Производството мора да биде планирано врз основа на договори, порачки на прареботувачите, порача Иваноски.

Преработувачите ја поздравуваат владината мерка од 1,5 денар за килограм предадено произвдоство во конвзервни фабрики, сметаат дека е добредојдена и дека ќе биде стимул повеќе за помасовно склучување договори со производителите.

Во Македонија има околу 55 конзервни фабрики кои, според преработувачите, се доволни, но треба да се модернизираат и доопремат.