Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
ЈАВЕН ОГЛАС за закуп на земјоделско земјиште за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
Дата на објава: 
14 Јули 2018
logo_mzsv.png

Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува


ЈАВЕН ОГЛАС бр.05/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање


1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 517ха 28ар 37м2 и тоа за следните региони во Република Македонија:

Документите можете да ги преземете на следниот линк: https://goo.gl/fZzbDm


Потпишани договори помеѓу Македонија и ФАО–Поголема конкурентност на земјоделството и мерки за справување со климатските промени
Дата на објава: 
11 Јули 2018
DSC_7473.JPG

Зголемена конкурентност на земјоделскиот сектор, подобрување на животот во руралните средини преку одржлив рурален развој, одржливо управување со природните ресурси и справување со климатските промени, се главните приоритетни области на трогодишниот договор за соработка што беше потпишан помеѓу Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации и Владата на Република Македонија.


Општинските комисии во ресенскиот и прилепскиот регион започнаа со проценки на штетите од невремето
Дата на објава: 
10 Јули 2018
logo_mzsv.png

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните власти денеска излегоа терен во увид на штетите врз земјоделските посеви од вчерашното невреме во преспанскиот регион.

Преспанскиот регион е дури шест пати опфатен од невреме од месец мај до денес. Токму затоа Комисијата за проценка на штети е веќе формирана и активна. Според првичните информации поројниот дожд и град во регионот предизвикал најголеми штети во село Јанковец, Ресен, делови од селата Златари и Сопотско. Општината комисија веќе е излезена на терен и врши проценка на штетите предизвикани од невремето, а првите прецизни проценките на оштетените јаболки ќе можат точно да се соопштат следната недела. Сепак, според првичните проценки штетите врз насадите се од 70 до 80 отсто.


Продолжен рокот за јавниот конкурс за давател на јавни услуги, спроведување на мерки и активности од ЗОПОД
Дата на објава: 
10 Јули 2018
logo_mzsv.png

Врз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10, 23/13, 149/15 и 39/16), а во согласност со дел I мерка 6 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година (,,Службен весник на Р.М”бр.17/18, 62/18 и 100/18) Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува:

ЈАВЕН КОНКУРС
за изменување и дополнување на Јавниот конкурс даватели на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД (Заедничка основна програма за одгледување на добиток) и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2018 година.

Додаток за превземање: 

За прв пат Македонија годинaва ќе биде земја партнер на Р. Словенија на меѓународен саем за храна и земјоделство „АГРА 2018“
Дата на објава: 
10 Јули 2018
KING8297.JPG

Република Македонија ќе учестува како земја партнер на 56-то издание на Меѓународниот саем за земјоделство и храна АГРА 2018, што ќе се одржи од 25 до 30 ти август, во Горна Радгона, Република Словенија. Оваа година фокусот на саемот ќе бидат младите земјоделци и нивното вклучување во агро бизнисот.
„Добивањето покана за партнерство на овој меѓународен саем, кој се смета за еден од најважните саеми за земјоделство и храна во Централна Европа, е доказ за негувањето пријателски односи и доверба со Република Словенија и претставува силна поддршка на нашата земја во евроинтегративниот процес, и во нашите заложби за европско, модерно, ефикасно и конкурентно земјоделско производство кое со својот квалитет ќе биде препознатливо на надворешните пазари“. – изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.


Syndicate content