Средба на државниот секретар Јашари со бугарскиот заменик министер за земјоделство Димитров

Дата на објава: 
15 Јануари 2010
Jasari - dimitrov 1.jpg

 

Во рамки на саемската манифестација ,,Зелена недела,,, која од денеска до 24 овој месец се одржува во Берлин Германија, државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари, оствари билатерална средба со Цветан Димитров,  заменик министер за земјоделство на Република Бугарија.

 

На средбата беше дискутирано за повеќе теми кои се однесуваат на меѓусебната соработка во земјоделскиот сектор и агрокомплексот во целина.    Јашари и Димитров разговараа и за проблемот со палсманот на македонското јаболко. Заменик министерот Димитров посочи дека за надминување на овој проблем, потребно е поврзување на агроберзите од двете држави, како и дека Бугарија како земја членка на Европката унија мора да ги почитува европските стандарди за квалитет на земјоделските производи.

 

Државниот секретар Јашари и заменик министерот за земјоделство на Бугарија Димитров, констатираа дека досегашната соработка на ресорните министерства за земјоделство на Република Македонија и на Република Бугарија е на високо ниво, но дека е потребно интензивирање на соработката на стопанските комори од двете земји.