Дата на објава:
13 Август 2014Според последните обработени податоци од подрачните единици на министерството за земјоделство до 31.07.2014, oжнеани се околу 82.210 хектари или 87 % од жетвените површини.
Остварениот просечен принос достигнува до 3,5 т/ха и доколку се задржи овој просечен принос, се очекува производство од 330.000 тони што претставува зголемување за околу 20% или 53.000 тони во споредба со минатата година.
До почетокот на август, откупени се околу 75.000 тони пченица или 66 % од вкупните лански количества. Ова претставува зголемување за околу 6% во споредба со истиот период минатата година, кога биле откупени 70.000 тони.
Според земјоделскиот информативен систем на министерството за земјоделство и доставените податоци од откупувачите на пченица,просечна откупна цена на меркантилната пченица од реколтата за 2014 година за месец јули изнесува 10,74 денари за килограм.
Лани беа ожнеани 93.646 ха од кои е остварено производство од 280.929 тони со просечен принос од околу 3 т/ха.