Инвестиции во објекти и системите за наводнување на земјоделски површини

Дата на објава: 
11 Август 2014
A3CCCBB8EBF1D0AE68E71D4E16E59ABE.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава ќе инвестира околу 9 милиони евра во капитални објекти во областа на водостопанството и во системите за наводнување и одводнување. Продолжува  чистењето на примарната каналска мрежа,а се планираат и законски измени кои ќе овозможат подобро управување со системите.

Сите активности, како што појасни денеска на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостоспанство Михаил Цветков, треба да овозможат зголемување на квалитетот на земјоделските проезводи, но и да обезбедат   наводнување и во услови на сушни периоди, какви се најавуваат во наредните години.
- Владата и Министерството во изминатиот период има инвестирано многу во сферата на земјоделството, има дадено многу субвенции, а планирани се и 600 милиони евра во наредните четири години. Но, за квалитетно производство, покрај субвенции, потребни  се и системи за наводнување, рече тој.
Од планираните 9 милиони евра за капитални објекти за брана Оризарска река се наменети 65 милиони денари, за брана Маркова река 30 милиони, за брана Коњско 10 милиони денари, за хидросистемот Равен Речица 20 милиони денари, за брана Слупчанска река 21 милион и 500 илјади денари, за хидросистемот Стрежево 10 милиони денари.
- Ова се сериозни проекти кои се планираат во Република Македонија и кои ќе придонесат за развој на земјоделството односно ќе направат водоснабдувањето да биде на задоволително ниво имајќи ги предвид климатските промени.
За годинава се планира и чистење на 140 километри од постојната каналска мрежа за наводнување и одводнување за што се издвоени 80 милиони денари. Каналите треба да почнат да се чистат во септември и октомври. Во Македонија, како што појасни Цветков, има околу 1.400 километри каналска мрежа која до 2006 година била прилично запоставена. Оттогаш се исчистени 400 километри.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава планира да инвестира околу 180 милиони денари односно 3 милиони евра за рехабилитација и санација на постоечките системи со кои стопанисуваат 12 водостопанства во Република Македонија, во кои влегуваат бунарски системи, системи за наводнување.
Водостопанствата, рече министерот Цветков, треба да дадат предлози за тоа каде треба да ги инвестираат финансиските средства.
Планирани се и измени на законското решение за управување на хидромелиоративните системи. Тие се во вид на јавни правни субјекти и Владата односно Министерството немаат доволно увид во управувањето поради што се предлагаат измените кои ќе овозможат поинаков начин на управување со овие системи, истакна тој.
Додаде дека во наредниот период се планираат проект за наводнување во гевгелиско за 4.000 хектари земјоделска површина и во Пробиштип и Кратово исто така на 4.000 хектари во кои ќе се користи водата од браната Злетовица, а планиран е и систем за наводнување на 5 илјади хектари во велешко.
Владата има изготвено десетгодишена Стратегија  за изградба и рехабилитација на постоечките системи за што се предвидени околу 200 милиони евра или годишно по околу 20 милиони евра. - Веќе имаме направено јавна расправа,а во текот на овој и следниот месец  ќе се реализираат и регионални средби каде ќе дефинираме кои се приоритетите на општините , истакна тој.

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава ќе инвестира околу 9 милиони евра во капитални објекти во областа на водостопанството и во системите за наводнување и одводнување. Продолжува  чистењето на примарната каналска мрежа,а се планираат и законски измени кои ќе овозможат подобро управување со системите.Сите активности, како што појасни денеска на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостоспанство Михаил Цветков, треба да овозможат зголемување на квалитетот на земјоделските проезводи, но и да обезбедат   наводнување и во услови на сушни периоди, какви се најавуваат во наредните години.- Владата и

Министерството во изминатиот период има инвестирано многу во сферата на земјоделството, има дадено многу субвенции, а планирани се и 600 милиони евра во наредните четири години. Но, за квалитетно производство, покрај субвенции, потребни  се и системи за наводнување, рече тој.Од планираните 9 милиони евра за капитални објекти за брана Оризарска река се наменети 65 милиони денари, за брана Маркова река 30 милиони, за брана Коњско 10 милиони денари, за хидросистемот Равен Речица 20 милиони денари, за брана Слупчанска река 21 милион и 500 илјади денари, за хидросистемот Стрежево 10 милиони денари.- Ова се сериозни проекти кои се планираат во Република Македонија и кои ќе придонесат за развој на земјоделството односно ќе направат водоснабдувањето да биде на задоволително ниво имајќи ги предвид климатските промени. За годинава се планира и чистење на 140 километри од постојната каналска мрежа за наводнување и одводнување за што се издвоени 80 милиони денари. Каналите треба да почнат да се чистат во септември и октомври. Во Македонија, како што појасни Цветков, има околу 1.400 километри каналска мрежа која до 2006 година била прилично запоставена. Оттогаш се исчистени 400 километри.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава планира да инвестира околу 180 милиони денари односно 3 милиони евра за рехабилитација и санација на постоечките системи со кои стопанисуваат 12 водостопанства во Република Македонија, во кои влегуваат бунарски системи, системи за наводнување. Водостопанствата, рече министерот Цветков, треба да дадат предлози за тоа каде треба да ги инвестираат финансиските средства.

 

Планирани се и измени на законското решение за управување на хидромелиоративните системи. Тие се во вид на јавни правни субјекти и Владата односно Министерството немаат доволно увид во управувањето поради што се предлагаат измените кои ќе овозможат поинаков начин на управување со овие системи, истакна тој.Додаде дека во наредниот период се планираат проект за наводнување во гевгелиско за 4.000 хектари земјоделска површина и во Пробиштип и Кратово исто така на 4.000 хектари во кои ќе се користи водата од браната Злетовица, а планиран е и систем за наводнување на 5 илјади хектари во велешко.Владата има изготвено десетгодишена Стратегија  за изградба и рехабилитација на постоечките системи за што се предвидени околу 200 милиони евра или годишно по околу 20 милиони евра. - Веќе имаме направено јавна расправа,а во текот на овој и следниот месец  ќе се реализираат и регионални средби каде ќе дефинираме кои се приоритетите на општините , истакна тој.