Средба на министерот Цветков со претставници на лозари и винарски визби

Дата на објава: 
14 Август 2014
EA6CCB064624EB79D19F6E33DEECA996.jpg

Владата и министерството за земјоделство ќе направат максимални напори за да се најде оптимално решение за проблемите  со кои во моментов се соочуваат и лозарите и винарските визби истакна министерот Цветков на средбата со нивните претставници.

Министерот Цветков од страна на лозарите беше информиран дека родот е преполовен и дека ќе бидат потребни сончеви денови за да се санира состојбата и да се подобри квалитетот на грозјето. Количествата што останаа можеби ќе бидат со врвен квалитет, а тоа ќе го покаже бербата. Сортата „Вранец“ според нив ќе биде дефицитарна, позастапени ќе бидат белите сорти, но и кај нив има оштетувања. Остануваме на ставот посочија од здружението на лозари „Агротиквешија“ дека за откупната цената мора да се бара соодветно решение особено што годинава трошоците беа енормни, дури три пати поголеми од лани.

Производителите бараат цените да се зголемат за два денара, а визбите да се задржат минатогодишните.

- Најсолидарен пристап кон нашите партнери, лозарите, би било зачувување на ланските цени со оглед дека сегашните услови не гарантираат квалитет соодветен на минатогодишниот, рече Игор Илиевски од „Тиквеш“, додавајќи дека годинава ќе биде исклучително тешка.Во овој момент, додаде, од исклучителна важност е да има одредена берба поради значително намалените количини, од 40 до 50 проценти.

- Во сите лoзови насади моментно има најразлични болести. Останува да видиме, зависно од климатските услови, каков ќе биде квалитетот, истакна Илиевски.

На состанокот беше констатирано дека на лозарите им е потребна стручна помош за добивање на поголем квалитет на грозје,а со тоа и на македонското вино.

Министер Цветков посочи дека мора  да се заштитат лозарите, особено малите призводители кои во моментов се соочуваат со најголеми проблеми.Меѓусебната довербата која во последните години се зголемува треба да се потврди и со навремено потпишување на договори за откуп.