Дата на објава:
26 Август 2010Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро реагира на неоснованите наводи изнесени на денешната прес конференција на ,,Обединети за Македонија,,.
Влаcта и Министерството подолго време ја следи состојбата во лозаро винарскиот сектор,при што заедно со лозарите и винарските визби се разговараше за надминување на кризата која што е последица од светската финансиска криза и слабиот пласман на виното во светски рамки, а не само на македнското вино.
Оваа Влада е сериозна и на таков начин пристапи кон овој проблем со цел во крајна линија, да им се помогне на лозарите, да се откупи годинешниот род на винското грозје и да создаде фер услови.
Да појасниме, оваа мерка се однесува за сите винарски визби, а не за одредеи како што тврдат од Обединети за Македониа. Овие мерки се резултат на неколкуте средби на вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставници на винарските визби и на здруженијата на лозари.