Министерот Димовски учествуваше на промоцијата на македонски вина на саeмот за земјоделство АГРА 2010 во Горна Радгона

Дата на објава: 
22 Август 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставници на неколку винарски визби од Репулика Македонија, денеска, во рамки на меѓународната саемска манифестација АГРА 2010, која  се одржува во Горна Радгона, Република Словенија, го промовираа македонското вино. На дегустацијата која се одржа во Винскиот храм во ,,Помурски саем,, а на која присуствуваа голем број посетители, министерот Димовски истакна дека Македонија е земја  со вековна традиција  во одгледувањето на виновата лоза и прозиводството на вино.
- Сместена во срцето на Балканот, сончевата и планинска Македонија има одлични услови за производство на квалитетно грозје од кое се произведува врвно вино. Овошната арома на црвените вина и свежите хармонични бели вина, се резултат на различната надморска височина каде се простираат виновите плантажи - рече министерот Димовски на промоцијата.
Еколошки чистата средина дава можност македонското грозје минимално да се треира со заштитни средства,  а средоземната и континенталната клима со голем број сончеви денови и посвежи ноќи се предуслов за интензивните ароми на вината произведени по долгиот процес на зреење на грозејто.
- Од црвените вински сорти, лидер е Вранецот. Застапени се и Каберене Совињон, Мерло, Црн Бургундец, а се поголем е и интересот за проиозводство на Сира и Санџовезе. Од белите сорти најзастапена е Смедервката, а со помал процент и Шардоне, Жилавка, Италијански Ризлинг, Рајски Ризлинг, Белан и други сорти - додаде министерот Димовски.
Во регионот сме лидери во производство на вино, им објасни на присутните министерот Димосвки. Во земјоделскиот бруто домашен производ  производството на грозје учествува со 17-20 проценти. Виното е најизвезуван пијалак, а по тутунот е втора  земјоделска гранка од која остваруваме најголем приход од извоз.
Од година во година се зголемува бројот на винарските визби, а тоа е јасен показател дека  винарството станува начин на живот во Република Македонија и силен двигател на стопанството. Затоа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја препозна  важноста на овој сектор и инвестира во него поттикнувајќи одржлив развој на македонскиот вински сектор и на економијата во целина -заклучи министерот Димовски.