Николовски: Владатa покажа дека постојано носи одлуки во интерес на лозарите
Дата на објава: 
28 Јуни 2018
tribina2.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Неготино одржа работна средба со лозарите од тиквешкиот регион. Оваа средба се одржува на еден месец пред бербата на годинешното грозје, со цел навреме да се планира откупот на годинешниот род. Ваков тип на средба министерот Николовски одржа и со винарските визби. На денешната средба министерот Николовски ги информираше лозарите за мерките што ги презема МШЗВ во делот на лозарството, како и за првичните проценки за план за откуп на грозје што го имаат доставено винарските визби.


Проект за оценка на влијание на субвенциите и ИПА поддршката во земјоделскиот сектор
Дата на објава: 
26 Јуни 2018
36189152_10156969238115628_109413510181552128_n.jpg

Денеска, во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство се одржа презентација од страна на европски експерти во секторот за земјоделство и рурален развој на тема „Проектот за оценка на влијание на субвенциите и ИПА поддршката во земјоделскиот сектор”.
Проектот е финансиран од Европска унија,а се спроведува на барање на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. Истражувањето е правено заклучно со 2016 година.
Според анализата субвенциите дале најголем ефект во сточарството, кај фармите кои одгледуваат добиток и произведуваат сточна храна, додека за другите сектори државата треба да воведе дополнителни, но и поинакви мерки.
Анализата покажала и дека податоците за обработливото земјиште од различните бази на податоци не се совпаѓаат, а некои површини и воопшто не се регистрирани.


ЈАВЕН ПОВИК за барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони
Дата на објава: 
26 Јуни 2018
logo_mzsv.png

Согласно Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.114/18), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува


ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Зголемена субвенција од 7 денари за килограм предадени домати во преработувачки капацитети
Дата на објава: 
26 Јуни 2018
DSC_9108.JPG

Владата на денешната седница донесе одлука за измени на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања за оваа 2018 година.
Со измените висината на субвенциите за предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети, се зголемува од постоечките 3 денари на 7 денари за килограм. Оваа интервентна мерка ќе важи за земјоделците кои ќе ги предадат доматите во преработувачки капацитети или преку регистриран откупувач од утре до 15 јули годинава.
Во определениот период се очекува да се откупат околу 500 тони домати. За исплата на зголемената субвенција се планирани 2 милиони денари, пари кои се во рамки на расположливите средства од Програмата.
МЗШВ донесе одлука за зголемување на субвенцијата поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката, како и ниската откупна цена. Со ваквата интервентна мерка се очекува стабилизирање на пазарот на домати, а вишокот од производство да заврши како суровина во преработувачката индустрија.


Уште 5 дена трае јавниот оглас за давање под закуп на државното земјоделско земјиште на поранешниот агрокомбинат Џумајлија
Дата на објава: 
25 Јуни 2018
logo_mzsv.png

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги известува сите заинтересирани, дека Јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари во регионот на Свети Николе, трае петок оваа недела, односно до 29.06.2018. Станува збор за дел од земјиштето кое беше во сопственост на поранешниот агрокомбинат Џумајлија.
Понудите доставени по овој јавен оглас ќе бидат јавно отворени на 02.07.2018 година, понеделник, во големата сала за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ул. Аминта Трети бр.2 Скопје, со почеток од 10 часот.
Со јавниот оглас се опфатени 907 хектари, поделени во 10 блока. За разлика од претходните огласи, кога имаше дополнителни услови во однос на предвидена инвестиција и со рокот за изведба на инвестицијата, сега во овој оглас не се предвидени дополнителни услуги, со што се релаксираат условите за учество.


Syndicate content