Дата на објава:
21 Октомври 2009Во министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска беше оддржан координативен состанок со претставници на граѓанското здружение ,,Ден на дрвото,, и од шумарскит факултет во Скопје.На состанокот кој го водеше министерот Љупчо Димовски се договорија конкретни активности кои што треба да се превземат за реализација на граѓанската акција ,,Ден на дрвото,, што треба да се оддржи во средината на ноември годинава.Министерството беше кажано ќе ги координира јавните претпријатија за шуми и за пасишта за изнаоѓање на локации за пошумување,а подрачните единици на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ќе изврши уште една проверка директно на терен.