Димовски и Рикер договорија продлабочување на соработката на РМ и САД во областа на земјоделството

Дата на објава: 
15 Октомври 2009
Riker Dimovski.JPG

Продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и САД и  во делот на земјоделството, но и нејзино зајакнување - договорија денеска на првата официјална средба министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и американскиот амбасадор Филип Рикер.

 

-Имаме добра соработка со Министерството за земјоделстево преку неколку програми. Неодамна заврши обуката за ХАЦЦП за ветринарните испектори. Според утврдената динамика, треба да се реализира уште една ваква обука наскоро, се со цел  правилно и  навремено да се имплементира овој систем за безбедност на храната и во вашата земја- истакна амбасадорот Рикер.

 

Минисетрот Димовски изрази уверување дека  и во иднина,  САД преку своите експертски тимови  ќе му помага на македонското земјоделство, со цел полесно и побрзо прилагодување на земјава кон новите современи текови во производството на храна.

 

- Сакам Македонија наскоро да стане земја која ќе обезбедува доволно храна  од сопствено производство, односно која нема да биде увозно зависна, бидејќи гледам дека имате потенцијал тоа да го постигнете- истакна амбасадортот Рикер.

Министерот Димовски, презентирајѓи ги потенцијалите на македонското земјоделство, посочи дека големи се можностите за напредок во винскиот сектор.

 

- Во Македонија моментално работат 74 винарии. Наскоро, со прокетот на Владата на РМ за отворање на 100 нови винарии, очекуваме дека ќе ја креираме вистинската формула за  производство на високовлиотени вина и  сигурно освојување на европските и светските пазари. Примарно е да се зацврсти линкот меѓу производителите и винариите и истиот да се насочи пазарно да функционира - рече министерот Димовски, додавајќи дека за реализација на сето ова неминовно е  и странското позитивно искуство во винскиот сектор.

 

За да се стабилизира целокупниот вински сектор неминовсни се и коренити промени во примарното производство, објасни министреот Димовски.

 

- Финансиската поддршка која сега ја дава државата насочена е кон  подигнување на нови лозови насади, но и замена на старите и амортизирани и тоа со високовалитетни сорти грозје кои се основен предуслов за производство на врвно вино. Свесни сме и за постоечките проблеми кај винарските визби, во моментов изразени преку постоењето на големи залохи вино, но, така е генерално, поради светската економска криза. Тоа се проблеми кои го тиштат целокупниот вински сектор и во соседството и во голем број вински европски земји – додаде министерот Димовски.

 

Екомоскиот тим на амбасадорот Рикер, пробемот во македонскиот виски секрот го лоцира во недоволната промоција на македонското вино, односно во маркетингот, иако според нивна оценка Република Македонија има реален потенцијал за развој не само на винскиот сектор, туку и на винскиот туризам.

 

- За да се успее на пазарт не е доволно само да се произведе квалитетен производ. Неминовно е тој и да се промовира. Треба да направите голема промотивна кампања за македонското вино, прво  во сопствената земја со што ќе ја зголемите и домашната потрошувачка на вино која сега е симболична. Познато е дека овој производ има и врвни здравствени ефекти и затоа мора да се промовира и како храна и како лек – рече  на средбата Хоа Ван Хјун, аташе за земјоделство во амбасадата на САД во Бугарија.

 

Најдоцна до крајот на годинава, како што посочи министерот Димовски, Македонија ќе го донесе новиот Закон за вино, целосно усогласен со најновата европска регулатива, со што ќе се стави ред  во виската индустрија и сериозно ќе се работи на изградба на брендот ,,Македонско вино,, со кое ќе се промовираме како сериозни производители на големиот пазар.

 

Според оценката на амбасадорот Рикер и млечниот сектор има голем потенцијал, исто како и алтернативниот туризам кој сега е во зародиш во Македонија. За развој на овие гранки, но и  целокупниот аграр во нашава држава, како што рече тој, голема помош може да се обезбеди преку неколку програми за развој на САД но и преку АгБиз програмата на УСАИД која и сега работи на полето на промоција и развој на македонското земјоделство.