Дата на објава:
11 Ноември 2009Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, неговиот хрватски колега Петар Чобанковиќ и Соња Буковец, државен секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, во паркот на Скопски саем, симболично засадија дрва. На ваков нашин за прв пат заедно, тие се приклучија на големата акција за пошумување на Република Македонија ,, Ден на дрвото-засадија својата иднина,, која по трети пат ќе се одржи кај нас во петок на 13 ноември.