Состанок на Комитетот за следење на реализацијата на ИПАРД програмата

Дата на објава: 
5 Ноември 2009
SDC10653.JPG

Првиот повик за прибирање на предлог-проектите за искористување на средствата од предпристапната ИПАРД програма на Европската унија ќе биде објавен кон почетокот на идниот месец.

 

За таа цел денеска се одржа петтиот состанок на Комитетот за следење на реализацијата на ИПАРД програмата на кој потенцијалните корисници се запознаа со финалните активности за оваа програмата.

 

Точките кои беа дискутирани заедно со сите релевантни чинители беа во насока на натамошното интензивирање на активностите, во делот на публицитетот и промоцијата. Финални активности за запознавање на потенцијалните корисници со елементите на ИПАРД програмата се со цел нивно анимирање и пријавување на претстојниот оглас кој планираме да биде објавен на почетокот на идниот месец, изјави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Ивановски,  претседавач на состанокот.

 

Според Кај Мортенсен од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската комисија, кој е одговорен за претпристапните фондови за рурален развој на земјите кандидати за членство во ЕУ, за потенцијалните корисници е важно да почнат со подготвителните активности, односно не само да ги подготват своите проекти, туку и да ги соберат сите придружни документи.