Дата на објава:
9 Декември 2009Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, утре, четврток, 10,12. 2009 година ќе одржи ИПАРД инфо ден во општините Крушево, Сарај и Илинден.
Претставувањето на условите и можностите за користење на европските предпристапни фондови, во Крушево ќе се одржи во салата на Пензионерскиот дом со почеток во 11 часот. ИПАРД програмата во Сарај Телото ќе ја презентира во салата на општината во 10 часот, а во Илинден во 17 часот во општинската зграда.
ИПАРД инфо деновите продолжуваат во петок на 11.12.2009 година во Конче и Босилево.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат настанот.