Оддржан национален семинар за македонско-холандскиот проект-ЕМЕРАЛД

Дата на објава: 
16 Декември 2009
emerald.jpg

Во септември 2008 година  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Холандската владина агенција за управување со земјиште и вода  во соработка со СНВ Македонија започна со проектот ЕМЕРАЛД.

 

Целта на  овој проект е подобрување и  поттикнување  на  натамошниот развој на руралните области, и  превземање на  чекори кон исполнување на  стандардите на ЕУ  за учество и соработка преку Националната програма за рурален развој.

 

Како дел од Емералд  проектот, во неколку села беа испитани  можностите за примена на  мерките на земјишна консолидација. Во едно од нив  селото Таор, успешно беше изработен план за комасација, кој во мал обем  резултираше со зголемување  на парцелите и подобрување на  условите  за земјоделство во  приватните фарми, и на државното земјоделско земјиште. Во текот на проектот се покажа  големата важност од создавање  на  можност,  локалната заедница  да го  обезбедува проектниот тим со свои предлози, желби и експертски мислења за нацрт-плановите за размена.

 

Врз основа на првите искуства  од проектот Емералд , произлегува потребата пред започнувањето со комасационите проекти  да бидат разрешени, прашањата поврзани со  нејасните ситуации на сопственост, нерегистрираното наследство, побарувањата во однос на недовршени арондациони постапки и друго.

 

Министерството се обврза да одговори на овие и другите специфични  прашања во однос на земјишните консолидации поврзано со правениот  аспект. Во таа насока, во министерството  е иницирано, создавање на експертска работна група,  за изнаоѓање  начин за решавање на овие прашања.

 

Токму затоа веднаш почнаваме со зајакнување на институционалниот капацитет за водење на идната програма за рурален развој што е една од препораките на ЕМЕРАЛД, нагласи заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски при отворање на семинарот посветен на Проектот Емералд.Комасацијата истакна Иваноски е особено корисна за зголемување на профитабилноста на земјоделско производство,намалување на трошоците и ефикасната примена на агротехничките мерки.

 

Амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија г-ѓа Симоне Филипини посочи дека дефинирањето соодветни земјишни парцели и јасна структура на сопственост е најважно. Анализите покажуваат дека расцепканоста на земјиштето во Македонија изминативе 15 години дури е во пораст. Површините се поделени и расцепкани, а фармерите треба да одат од едно на друго место за да работат на своите земјишта. Тоа треба да се смени за да му се овозможи на земјоделскиот сектор брзо да се развива.

 

Како потврда за  успешната соработка помеѓу македонските и холандските експерти во областа на развојот на руралните области, во почеток на следната година очекуваме да  стартува проектот СТИМЕРАЛД како  продолжение на сегашниот проект.