Дата на објава:
21 Јануари 2010Се зголемува интересот на европскиот пазар за македонските конзервирани производи, но домашните преаботувачи не можат да одговорат на предизвикот. Не произведуваат доволно поради немање суровина, а проблемот, велат, е во непостоењето договорни односи со земјоделците.
Ова беше клучна тема и на денешната работилница „Подобрување на хоризонталните врски помеѓу преработувачите и производителите и политиката на МЗШВ за унапредување на меѓусебната соработка“ што ја организираа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агбиз програмата на УСАИД.