Што и колку ќе се финансира во растителното земјоделско производство
Дата на објава: 
28 Јануари 2010

Од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството  за 2010 година за растителното производство, се одвоени околу 2,9 милијарди денари. Ова се најголемиот дел од парите предвидени за  поддршка на аграрот од  5,3 милијарди денари или околу 100 милиони евра за субвенции во земјоделството и во руралниот развој.

По 8 илјади денари за хектар ќе добијат земјоделците за производство на житните култури за најмалку 3 декари од секоја култура одделно. Висината на поддршката се редуцира во зависност од големината на засеаните површини. Стопроцентна исплата на  субвенциите ќе добијат производителите кои имаат засејано до 20 хектари. Дополнителна финансиска поддршка  од 2 илјади и 500 денари за хектар ќе добијат прозводителите кои употребиле сертифициран семенски материјал.


Средба на министерот Димовски со ФФРМ
Дата на објава: 
27 Јануари 2010
Sostanok so farmerite 27.01.2010 001.jpg

Продолжуваат редовните средби на министерот Љупчо Димовски со претставници на земјоделските здруженија. На средбата со Федерацијата на фармери на Р. Македонија се разговараше околу актуелниот проблем со пласманот на јаболкото за што беше договорено идната недела да се организира посебен состанок за изнаоѓање на долгорочни мерки.Федерацијата на фармери побараа и измени на критериумите при субвенционирањето во овчарството, говедарството, пчеларството.Меѓудругото,сточарите побараа да се зголеми процентот  на отстапување од пријавен до задржан број на добиток при добивање на субвенциите од 5 на 20 проценти.

 

Според министерот, постојат различни размислувања меѓутоа целта е преку разговори да се изнајдат соодветни решенија.

 

На денешната средба станало збор и за проблемот со паушалното оданочување во земјоделството што произлегува од Законот за персонален данок на доход.


Во Битола се одржува обука за сметководствени податоци од земјоделските стопанства
Дата на објава: 
27 Јануари 2010

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со  Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) ја реализира обуката на шеесеттина советници од Агенцијата  за имплементирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства – ФАДН.

Обуката ја спроведуваат претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од Комитетот за ФАДН и консултати од Полска.

Целта на обуката е советниците од АПРЗ да се обучат да го имплементираат ФАДН по европски стандарди. Проектот ФАДН е поддржан од Светска Банка,a во февруари ќе се одржат дванаесет работилници во шест регионални центри на АПРЗ. Преку нив, со ФАДН системот ќе се запознаат и земјоделските производители.

Сметководствените податоци од земјоделските стопанства ќе се користат за анализи, истражувања и други проекти во функција на развојот на земјоделството во Македонија.


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
26 Јануари 2010

Министерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, утре, среда, 27.01.2010 година, во 11 часот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одржи работен состанок со претставници на Федерацијата на фармери во РМ.

 

На состанокот ќе се разговара за финансиската поддршка на земјоделците во 2010 година, актуелните состојби во земјоделското производство, за предлозите на Федерацијата на фармери кои се однесуваат на критериумите за остварување на право на финансиска поддршка во делот на сточарското производство и за други актулени теми.

 

Изјави за медиумите во 12,30 часот.

 

Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери.


Програма за проширана репродукција на шумите за 2010 година
Дата на објава: 
26 Јануари 2010

Шумарството годинава ќе се финансира со 150 милиони денари преку програмата за проширена репродукција на шумите.

За извршување на мерките и активностите од оваа програма, се утврдени повеќе мерки и активности и тоа:

 


Syndicate content