Програма за проширана репродукција на шумите за 2010 година

Дата на објава: 
26 Јануари 2010

Шумарството годинава ќе се финансира со 150 милиони денари преку програмата за проширена репродукција на шумите.

За извршување на мерките и активностите од оваа програма, се утврдени повеќе мерки и активности и тоа:

 

  1. За пошумување на голини и ерозивни земјишта се планирани 45 милиони денари за пошумување на 750 хектари
  2. За нега сo проред на шумски култури, на насади подигнати со пошумување и на пренаменети природно пошумени површини до 30 годишна возраст.За оваа намена се планирани 8 милиони и 250 илјади денари за 550 хектари шума
  3. За отстранување на последиците од шумски пожари на површина над 50 ха во рамките на една шумско-стопанска единица преку вештачка обнова ќе се интервенира со 27,3 милиони денари.
  4. Превентивната заштита на шумите и шумските култури ќе се подржи со 1 милион денари и тоа од потенцијални штетници кои можат да  загрозат поголеми шумски простори.Спроведувањето на оваа мерка ќе се врши преку организирана Информативно Диагностичко прогнозерска служба(ИДП) и преку следење на состојбата на шумите преку биоиндикаторските точки
  5. Сузбивање на растителни болести и штетници во шуми и шумски култури и на површини во кои е извршена мелиорација на деградирани шуми и шикари.Сузбивањето ќе се изврши со авионско третирање за сузбивање на штетникот боров четник боровите шуми и шумски култури на површина од околу 12.000 ха во повеќе региони во Република Македонија. За извршување на оваа мерка се планираат средства во износ од 12 милиони денари.
  6. Дел од средствата на оваа програма, во износ од 50 милиони денари, ќе се користат за спроведување на Акцијата Ден на дрвото - засади ја својата иднина.Со оваа акцијата се планира пошумување на земјиште во државна сопственост на површина од 1.175 ха, со околу  3 милиони садници или просечно по околу 2.550 садници на 1 ха. За засадување на повеќегодишни (школувани) декоративни шумски садници во дворните површини на училиштата во Република Македонија и на други јавни установи опфатени со оваа акција, како и на патните појаси околу државните патишта, ќе се обезбедат 5.000 садници.

Со Програмата за проширена репродукција на шумите ќе бидат поддржани и  изработките на студии кои главно се однесуваат за: шумски подрачја ризични од ерозија во РМ, развој на шумска патна мрежа како и за формирање на информатичка мрежа и воведување на ГИС технологија во шумарството во Македонија.
.

Корисници на средствата за проширена репродукција на шумите се субјектите кои стопанисуваат со шумите во државна сопственост и сопствениците на шуми во приватна сопственост