Годинава за поддршка на руралниот развој 10 милиони евра
Дата на објава: 
16 Февруари 2010

За инвестиции во руралниот развој, годинава со Програмата за финансика поддршка на рурален развој  ќе се одвојат 579 милиони денари или околу 10 милиони евра, што е за 3 милиони евра повеќе од минатата година.Огласот за распределба на средствата од оваа програма ќе биде објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, на крајот на овој месец. Средствата, се исплаќаат по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции или:


Министерот Димовски ги посети поплавените земјоделски подрачја во Пелагонија
Дата на објава: 
16 Февруари 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, придружуван од градоначалниците на Новаци и Могила, Лазар Котевски и Славко Велевски, како и генералниот директор на ЗК„Пелагонија“, Ристо Бошевски, денеска ги посетија поплавените земјоделски подрачја во Пелагонија.


ПОСТАПКА БР.02-2357/2/2010
Дата на објава: 
15 Февруари 2010

ПОСТАПКА БР.02-2357/2/2010

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ:

Миење (одржување на хигиена)   на возила во сопственост на Министерството за земјоделство,

шумарство и водостопанство

за потребите на

Министерството за земјоделство,

шумарство и водостопанство

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
13 Февруари 2010
Ministerot vo MIK 013.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска имаше работен состанок со менаџерскиот тим на месната индустрија „МИК“ Свети Николе.

 

Димовски се запозна со капацитетите и актуелните состојби во агроиндустрискиот сектор.

 

- Покрај другите теми околу работењето на месната индустрија, со менаџерскиот тим на Свети Николе разговаравме и за можностите за користење на средствата од ИПАРД програмата. Бевме информирани дека овие финансиски средства се добредојдени во проширувањето на капацитетите, истакна министерот Димовски по средбата.

 

Според генералниот директор Влатко Ѓорѓиевски, капацитетот на „МИК“ е сосема доволен да го откупи целиот пазарен вишок од свињарските фарми во земјата и да понуди на домашниот пазар квалитетен и безбеден прехранбен производ.

 

Месната индустрија од Свети Николе ги има воведено сите стандарди за безбедност на храната, а своите производи ги пласира на домашниот пазар


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
12 Февруари 2010

Во понеделник 15 февруари,  почнува  пријавувањето за субвенции за произведено и предадено карвјо млеко за периодот од 1 октомври до 31 декември 2009 година.

 

Пријавувањето е преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 15 март, за остварување на субвенција од 2,50 денари за литар. Правото ќе можат да го искористат сточарите кои произвеле и предале млеко во регистрирани млекарници.

 

За пријавување за субвенции за млекото предадено од 1 јануари до 31 април 2010 година во регистрираните мелкарници ќе почне на 15 мај и ќе трае до 15 јуни,третата фаза на пријавување ќе почне на 5 октомври и ќе трае до 5 ноември и тоа за млекото кое сточарите го предале во регистрирани млекарници во периодот од 1 мај до 30 септември годинава.

 

За финансиска поддршка на вкупното сточарско производство, со Програмата за  финансиска поддршка во земјоделството, годинава државава одвои повеќе од една милијарда и 733 милиони денари


Syndicate content