Годинава за поддршка на руралниот развој 10 милиони евра

Дата на објава: 
16 Февруари 2010

За инвестиции во руралниот развој, годинава со Програмата за финансика поддршка на рурален развој  ќе се одвојат 579 милиони денари или околу 10 милиони евра, што е за 3 милиони евра повеќе од минатата година.Огласот за распределба на средствата од оваа програма ќе биде објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, на крајот на овој месец. Средствата, се исплаќаат по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции или:

 

-          55% од вредноста на одобрената инвестиција за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поднесување на инвестицијата или жена носител на земјоделско стопанство;

-          60% од вредноста на одобрената инвестиција за инвестиции во земјоделско стопанство кое се наоѓа во ридско-планинско рурално подрачје;

-          65% од вредноста на одобрената инвестиција за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство до 40 години старост или жена носител на земјоделско стопанство кое се наоѓа во ридско-планинско-рурално подрачје.

Сaмо за првата мерка која се однесува за инвестиции за подобрување на конкурентност и модернизација на земјоделски стопанства предвидени се вкупно 168 милиони денари.

 

Земјоделците кои што се заинтересирани за оваа мерка односно за модернизација на лозарството, овоштарството и градинарството на отворено,преку оваа Програма можат да набават  трактори до 95КС, култиватори и мото-култиватори,опрема и приклучна механизација за припрема на почва, за садење, берење, пакување и складирање на свежи производи,набавка на генератори и агрегати за обезбедување на енергија за работа на компјутери за контрола на наводнување како и набавка на елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на опрема и механизација и услуги за вршење на градежни работи и монтажа и инсталација на опрема.Условен критериум е минимум подигнати површини од 0,2 ха.Максимална вредност на прифатливи трошоци е до 2,5 милиони денари.

 

За модернизација на одгледување на житни култури исто така можат да се набават по пат на ко-финансирање,трактори,приклучна механизација опрема за конструкција на силоси и опрема за контрола на влажност и опрема за чување на житните култури.понатаму набавка на градежни материјали и елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на опрема и механизација како и услуги за вршење на градежни работи и монтажа и инсталација на опрема.За ваквите инвестиции потребна е минимум засадена површини од 1 ха.Максимална вредност на прифатливи трошоци е  до 6 милиони денари.

 

Индустриските маслодајни, фуражни култури , тутунот и производство на компир исто така се поддржуваат со инвестиции кои се однесуваат на набавка на трактори, опрема и приклучна механизација за припрема на почва, за садење, за берење и собирање,набавка на опрема за конструкција на силоси и опрема за контрола на влажност и опрема за чување,за набавка на опрема за постбербени активности на суров тутун,набавка на елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување и сушење на тутун и опрема за сушење.Набавка на градежни материјали и елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на опрема и механизација и услуги за вршење на градежни работи и монтажа и инсталација на опремата.Земјоделецот мора да располага со минимум површини од 1 ха под маслодајни и фуражни култури и  од 0,5 ха за одгледување на  тутун и компир.Максимална вредност на прифатливи трошоци изнесува до 4 милиони денари.

 

Одгледувањето на цвеќе и украсни дрва и растенија годинава се поддржуваат со вкупно 7 милиони денари и тоа доколку инвестициите се однесуваат за услуги за изработка на проект и техничка документација за градба,набавка на градежни материјали и елементи за конструкција од метал или алуминиум вклучително и прекривки од стакло или пластична прекривка,набавка на опрема за комунална инфраструктура и снабдување со електрична енергија,набавка на опрема за микро-климатски услови во оранжериии,набавка на култиватори или мото-култиватори,набавка на опрема и приклучна механизација за припрема на почва, за садење и за берење,набавка на опрема за системи за наводнување и придружен компјутерски софтвер, на градежни материјали и елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на опрема и механизацијаи услуги за вршење на градежни работи и монтажа и инсталација на опрема.Минималната површина изнесува  0,1 ха за подигнување на нови или за обнова на постоечки оранжерии или 0,3 ха за набавка на култиватори или мото-култиватори.Максимална вредност на прифатливи трошоци е до 3 милиони денари односно до 5% од вредноста на проектот за услуги за изработка на проект.

 

Во сточарството се поддржуваат инвестиции во одгледување на говеда за тов вклучително и телиња од систем крава-теле.Прифатливи инвестиции се:услуги за изработка на проект и техничка документација за градба,набавка на градежни материјали и елементи за градба за реконструкција и проширување на објекти за одгледување на говеда за тов,набавка на опрема за опрема за подготовка на мешавини за исхрана и складирање на добиточна храна и проверка на квалитетот,опрема за системи за поење и хранење,опрема за оградување на просторот за одгледување и испуст,опрема за чистење на просторот за одгледување на добиток складирање и транспорт,набавка на градежни материјали или елементи за конструкција на резервоари или платоа за складирање на арско ѓубриво и услуги за вршење на градежни работи и монтажа и инсталација на опрема.Сточарите мора да имаат минимум 15 до максимум 150 грла говеда за тов по турнус или минимум 35 до максимум 180 грла млечни крави и за одгледување на говеда за тов од систем крава-теле. Максимална вредност на прифатливи трошоци е до 4,5 милиони денари

 

Инвестициите во одгледување на несилки се однесуваат на услуги за изработка на проект и техничка документација за градба, набавка на опрема за одгледување на несилки,опрема за подготовка и складирање на храната и проверка на квалитетот,опрема за системи за поење и хранење,набавка на инкубатори за живина, опрема за сортирање и чување на јајца и проверка на квалитет,за чистење на просторот за одгледување на живина, складирање на ѓубривото и транспорт,набавка на градежни материјали или елементи за конструкција на резервоари или платоа за складирање на ѓубривото како и услуги за вршење на градежни работи и монтажа и инсталација на опрема.Критериумот кој што мора да се запази е минимум 1.000 до максимум 15.000 несилки по турнус.Максимална вредност на прифатливи трошоци изнесува до 1.500.000 денари или  до 3% од вредноста на проектот за услуги за изработка на проект

 

Во модернизација на пчеларството ќе се поддржуваат инвестиции за набавка на рамки и сандаци за пчелни семејства,опрема за одгледување на пчели,опрема за производство на мед и пчелни производи и услуги за монтажа и инсталација на опрема.Пчеларот мора да поседува минимум 10 пчелни семејства,а максималната вредност на прифатливи трошоци изнесува  до 500.000 денари.

 

Земјоделските производители можат да аплицираат и за другите мерки од Програмата за рурален развој,односно за инвестиции за доработка, преработка, складирање, пакување и маркетинг на земјоделски производи,за рурална инфраструктура,за финансиска поддршка на промотивни активности за развој на рурален туризам,инвестиции за подобрување на знаењето и унапредувањето на човечкиот потенцијал на земјоделските производители, обезбедување на советодавни услуги и едукација за управување со земјоделско стопанство, за организирање и заедничко вршење на производна дејност на земјоделски стопанства каки и за инвестиции за производство и користење на обновливи енергии во рурални подрачја.