Министерот Димовски ја отвори годишната конференција на ПРЕПАРЕ програмата за рурален развој
Дата на објава: 
31 Август 2010
DSC02488.jpg

Преку 100 претставници од 20 европски држави учествуваат на годишната конференција на „ПРЕПАРЕ“ програмата што почна денеска во Охрид.

 

Програмата посветена на руралниот економски развој и проширувањето на ЕУ кон Југоисточна Европа, ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 

Целите на програмата „ПРЕПАРЕ“, истакна Димовски, се совпаѓаат со македонската национална Програма за рурален развој - јакнење на граѓанското општество и промоција на мултинационлната размена во руралниот развој.

 


ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дата на објава: 
27 Август 2010

Владата на Република Македонија донесе  Програма за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица.

 

Право за поднесување на барање имаат :

 

-       Корисници на социјална парична помош, согласно Законот за социјална заштита;

-       Невработени лица, евидентирани над една година во Агенцијата за вработување на Република Македонија;

-       Невработени евидентирани лица на кои им престанало правото на паричен надоместок, една година од престанување на правото;

-       Невработени лица – корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност; и

-       Невработени  евидентирани лица на кои работниот однос  им престанал  поради стечај, ликвидација или од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени).

 

Додаток за превземање: 

Демант
Дата на објава: 
26 Август 2010

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро реагира на неоснованите наводи изнесени на денешната прес конференција на ,,Обединети за Македонија,,.

 

Влаcта и Министерството подолго време ја следи состојбата во лозаро винарскиот сектор,при што заедно со лозарите и винарските визби се разговараше за надминување на кризата која што е последица од светската финансиска криза и слабиот пласман на виното во светски рамки, а не само на македнското вино.

 

Оваа Влада е сериозна и на таков начин пристапи кон овој проблем со цел во крајна линија,  да им се помогне на лозарите, да се откупи годинешниот род на винското грозје и да создаде фер услови.

 

Да појасниме, оваа мерка се однесува за сите винарски визби, а не за одредеи како што тврдат од Обединети за Македониа. Овие мерки се резултат на неколкуте средби на вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставници на винарските визби и на  здруженијата на лозари.

 


По два денара за килограм грозје ќе добијат винарите ако откупат иста количина како лани
Дата на објава: 
25 Август 2010
image1.jsp.jpg

По два денара субвенција ќе добијат сите преработувачи што ќе откупат приближно иста количина грозје како лани или поточно, доколу откупат минимум 65 отсто од лани откупената количина. Вака одлучи Владата по двонеделни интензивини анализи, разговори и консултации со сите засегнати страни.

 

За да ја добијат поддршката, откупувачите ќе мора претходно да го исплатат грозјето откупено минатата година.

- Во винарските визби постојат реалтивно големи залихи вино од минатата година. Со тоа се отежнува годинашниот откуп. Оттука, оваа мерка е насочена кон откупувачите, но индиректно ќе влијае и врз производителите, рече денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Идејата поддршката да изнесува два денара базира на пресметката согласно која за производство на литар вино се потребни 1,3 килограми грозје. Целта е, истакна Пешевски, нашето вино да стане за 4 до 5 евроценти поконкурентно за извоз на надворешниот пазар.


Изменета одлуката за увоз на пченица
Дата на објава: 
25 Август 2010

Владата  укина дел од одлуката согласно која преработувачите беа обврзани да купат три килограми домашна пченица за да увезат еден килограм, соопшти на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 

Оваа мерка е донесена со цел стабилизирање на пазарните односи, а во консултација со сите засегнати страни.

 

Министерот Димовски информира дека останува на сила делот од одлуката што ги обврзува откупувачите да купат четири килограми домашна пченица за да увезат еден килограм брашно.


Syndicate content