ИЗВЕСТУВАЊЕ

Дата на објава: 
27 Август 2010

Владата на Република Македонија донесе  Програма за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица.

 

Право за поднесување на барање имаат :

 

-       Корисници на социјална парична помош, согласно Законот за социјална заштита;

-       Невработени лица, евидентирани над една година во Агенцијата за вработување на Република Македонија;

-       Невработени евидентирани лица на кои им престанало правото на паричен надоместок, една година од престанување на правото;

-       Невработени лица – корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност; и

-       Невработени  евидентирани лица на кои работниот однос  им престанал  поради стечај, ликвидација или од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени).

 

Заинтересираните лица можат да поднесат барање до 26.септември.2010 година во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што се наоѓа земјоделското земјиште.

 

Земјоделското земјиште во државна сопственост се дава на плодоуживање за временски период од пет години.

 

За подетални информации околу земјоделското земјиште кое се дава на плодоуживање, критериумите и потребната документација која треба да се приложи кон барањето, заинтересираните лица можат да ги добијат во Подрачните единици на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството  и на интернет страницата на министерството www.mzsv.gov.mk

Додаток за превземање: