Дата на објава:
16 Ноември 2009Телото за управување со ИПАРД при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство утре, 17 ноември, ќе организира ИПАРД инфо денoви во Тетово и во Кичево.
Сите заинтересирани земјоделски производители и преработувачи на храна на оваа трибина ќе имаат можат да се информираат за европските можностите што ги дава ИПАРД Програмата.
Трибините ќе се одржат во хотел Лираку во Тетово со почеток во 10 часот, а во Кичево во хотел Унион во 15 часот.
Кампањата за промоција на ИПАРД продолжува на 19 ноември (четврток) во Ресен. Презентацијата на ИПАРД програмата во овој град ќе се одржи во просториите на општина Ресен во 10 часот.
Во Битола, Телото за управување со ИПАРД ќе ја промовира програмата во хотел Епинал со почеток во 15 часот.