ИПАРД- програмата презентирана и пред земјоделците од Полошко

Дата на објава: 
17 Ноември 2009

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска, на земјоделците и преработувачите од Полошкиот регион  им ја претстави ИПАРД програмата. Претставниците од ресорното министерство ги информираа земјоделците дека основни цели на  ИПАРД-програмата, односно на европските предпристапни фондови се подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на Европската унија во земјоделско - прехранбениот сектор, со цел тој да се подготви за пристап кон

 

Европската унија. ИПАРД програмата посочија тие има за цел и развој на економијата во руралните средини.

 

Од министерството за земјоделство ги информира присутните дека 75 отсто средства на ИПАРД се од буџетот на Европската унија и 25 отсто од домашниот буџет. За периодот 2007-2013, земјоделците и преработувачите од Република Македонија од европските предпристапни фондови имаат на располагање 60,7 милиони евра.

 

ИПАРД-програмата, по принципот на кофинансирање поддржува три мерки. Инвестирање во земјоделски стопанства, за преструктуирање и надградба според стандардите на ЕУ, за преработка и пласман на земјоделските и прехранбените производи според стандардите на ЕУ и за развој на главните рурални економски активности.