Новости

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЛОВСТВО
Дата на објава: 
11 Февруари 2010

На иницијатива на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во соработка со  Холанската агенција за развој - СНВ, денеска се одржа работилница за  функционирањето на  постојниот модел на управување со дивечот во Република Македонија. На состанокот со кој претседаваше заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, присуствуваа и претставници од  Шумарскиот факултет од Скопје, членови на Ловечката федерација на Република Македонија, како и претставник од Јавното претпријатие ,, Македонски шуми,, од секторот ловство и ловен туризам.

 


ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2010 ГОДИНА
Дата на објава: 
11 Февруари 2010

Презентиран Системот за идентификација на земјишни парцели во Република Македонија- ЛПИС
Дата на објава: 
9 Февруари 2010
Prezentacija na LPIS.jpg

ЛПИС – (Land parcel identification system )- Системот за идентификација на земјишни парцели согласно член 17 од Регулативата 73/2009 на Советот на ЕУ, како и со Регулативата 796/04 во Република Македонија во поголем дел е  веќе воспоставен.

 

Како што појасни Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски на денешната презентација,ЛПИС е еден од клучните подсистеми (заедно со евидeнцијата на земјоделските стопанства, животните, правото на исплата, лозови насади) на Интегрираниот систем за администрација и контролата на директните плаќања по површина и по култура и се користи за пресметување и за контрола на исплатата на износот на директните плаќања (субвенции)на земјоделците.

 


Седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Дата на објава: 
5 Февруари 2010

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство го прифати амандманот поднесен од Законодавно - правната комисија по Предлог-законот за ветеринарно - медицински препарати што се однесува на делот за прекршочните одредби.

Со законот се уредуваат производството, употребата, прометот, поседувањето и увозот на ветеринарно-медицинските препарати. Основни цели на законот се обезбедување соодветен степен на здраствена заштита на животните и луѓето и заштита на животната средина и задоволителен степен на ветеринарно јавно здравство.


Средба на министерот Димовски со производителите на јаболко
Дата на објава: 
4 Февруари 2010
Sostanok so Jabolkari ffrm 004.jpg

Mинистерстерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска оствари работна средба со здружението на јаболкопроизводители од Ресен и Федерацијата на фармери на Р.Македонија.На состанокот министерот Димовски ги информираше јаболкопроизводителите за преземените мерки и интензивните контакти со министрите за земјоделство во регионот кои придонесоа да не дојде до прекин на пласманот и на откупот на јаболкото. На барањето да се исплати премија од 4 денари за килограм јаболко за просечен принос од 40 тони по хектар беше посочено дека во Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во оваа година не е предвидена таква поддршка,но може да се направат измени во Програмата,односно предвидените средства за подигнување на нови овошни насади да се префрлат во мерката за субвенционирање на овоштарството по хектар.Со оваа измена неместо сегашните предвидени средства од 18 000 денари по хектар овоштарите би добиле околу 40 500 денари за хектар овошен насад.


Syndicate content