Средба на министерот Димовски со производителите на јаболко

Дата на објава: 
4 Февруари 2010
Sostanok so Jabolkari ffrm 004.jpg

Mинистерстерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска оствари работна средба со здружението на јаболкопроизводители од Ресен и Федерацијата на фармери на Р.Македонија.На состанокот министерот Димовски ги информираше јаболкопроизводителите за преземените мерки и интензивните контакти со министрите за земјоделство во регионот кои придонесоа да не дојде до прекин на пласманот и на откупот на јаболкото. На барањето да се исплати премија од 4 денари за килограм јаболко за просечен принос од 40 тони по хектар беше посочено дека во Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во оваа година не е предвидена таква поддршка,но може да се направат измени во Програмата,односно предвидените средства за подигнување на нови овошни насади да се префрлат во мерката за субвенционирање на овоштарството по хектар.Со оваа измена неместо сегашните предвидени средства од 18 000 денари по хектар овоштарите би добиле околу 40 500 денари за хектар овошен насад.

Министерството, беше кажано, останува отворено за разговор за сите  прашања и за изнаоѓање на решенија во интерес на целокупното земјоделство и агрокомплексот.