Дата на објава:
13 Февруари 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска имаше работен состанок со менаџерскиот тим на месната индустрија „МИК“ Свети Николе.
Димовски се запозна со капацитетите и актуелните состојби во агроиндустрискиот сектор.
- Покрај другите теми околу работењето на месната индустрија, со менаџерскиот тим на Свети Николе разговаравме и за можностите за користење на средствата од ИПАРД програмата. Бевме информирани дека овие финансиски средства се добредојдени во проширувањето на капацитетите, истакна министерот Димовски по средбата.
Според генералниот директор Влатко Ѓорѓиевски, капацитетот на „МИК“ е сосема доволен да го откупи целиот пазарен вишок од свињарските фарми во земјата и да понуди на домашниот пазар квалитетен и безбеден прехранбен производ.
Месната индустрија од Свети Николе ги има воведено сите стандарди за безбедност на храната, а своите производи ги пласира на домашниот пазар