Дата на објава:
15 Февруари 2014Македонија и Хрватска ќе договорат приоритети во областа на земјоделството кои ќе бидат содржани во меморандум со кој и формално ќе биде потврдена досегашната плодна соработка, оценија денеска на средба во Скопје министрите на двете земји, Љупчо Димовски и Тихомир Јаковина.
Македонија во својот евроитеграциски процес ќе ги користи искуствата во овој сектор од Хрватска како полноправна членка на Европската унија.
- За Република Македонија е особено значајна можноста за понатамошна соработка во делот на искористување на претпристапните фондови (ИПА) и искуствата на Хрватска во спроведувањето на мерката за техничка помош, акредитација на мерките рурален развој и Лидер како и улогата на советодавните служби во спроведување на ИПАРД, истакна министерот Димовски.
На средбата тие разговараа и за фитосанитарната политика, за водоснабдувањето и ефикасен систем за наводнување земјоделски површини, за кое министерот Димовски рече дека драгоцени ќе бидат искуствата на Хрватска при формирањето на претпријатието „Хрватски води“.