Реакција на министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМ

Дата на објава: 
27 Февруари 2014

Денеска  после цели 4 месеци СДСМ повторно промовираше мерки со кои наводно ќе го развиваат земјоделството.

Земјата е веќе кај вистинските земјоделци бидејќи во последниве 6 години оваа Влада распредели 60.000 ха на 7.700 земјоделски стопанства за разлика од СДСМ кои распределија 100.000 ха на 411 газди. Ги прашуваме  СДСМ дали овие газди - земјопоседници за нив се вистинските земјоделци на кои планираат да им обезбедат достоинствен живот со нивните памфлет политики.

Воедно ги прашуваме како обичниот земјоделец за кој што тврдат дека е на работ на егзистенција може да си дозволи задолжително да вработи земјоделски инженер и други вработени како што предлагаат.

Дали преку денес понудената распределба на земјоделското земјиште преку општините исчезнаа ветувањата за 10 милиони евра годишно за инвестициите во системите за наводнување?

Во сите сфери за кои денес СДСМ зборуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе реализира мерки кои што по обем се два, три или четири пати повеќе односно даваме дупло и повеќе пари за сето она што тие го предложиле

Во однос на ветувањата на СДСМ за повисока поддршка за житните култури, ги информираме од СДСМ дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе години наназад доделува повисока поддршка за житни култури од 9000 денари по ха за пченица, 10000 денари по хектар за фуражни култури и 12000 денари по ха за сончоглед и ориз. Наспроти ова, во СДСМ одделуваше на хартија едвај 3000 денари по ха за пченица која никогаш не стаса до земјоделците, а за останатите култури оддели и додели една голема НУЛА.

Ете толку од таканаречените мерки на СДСМ кои треба да обезбедат развој за земјоделството.