Министерот Димовски во посета на свињарската фарма на земјоделската задруга „Единство“ во Челопек
Дата на објава: 
20 Март 2014
celopek.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ја посети свињарската фарма на земјоделската задруга „Единство“ во Челопек за да се информира како тече откупот на вишокот свежо свинско месо.

- На последниот состанок со земјоделците и преработувачите договоривме да бидат откупени поголеми количини свежо свинско месо од домашните производители и со тоа да се надмине проблемот со пласманот на вишокот од околу 300 грла свињи или 180 до 200 тони месо, изјави министерот Димовски.

Според него, вкупниот број свињи во Македонија како резултат на владините мерки е евидентно зголемен. Радува и податокот дека околу 90 отсто од свежото свинско месо на пазарите во Македонија е од домашно производство, а истовремено е добар и откупот во преработувачките капацитети кои се извозно ориентирани.

Министерот Димовски оцени дека причина за вишокот свежо свинско месо се велигденските пости поради кои побарувачката е намалена.


Тутунарите и откупувачите се договорија да се склучат договори со сите тутунари за реколта 2014
Дата на објава: 
20 Март 2014
sostanok 20.03..JPG

Околу 17 отсто помалку ќе тежи годинашната реколта тутун, но сите производители кои лани склучија договори за откуп, тоа ќе може да го сторат и во 2014-та.

Со ова намалување на производството што денеска на средба го договорија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за земјоделство Љупчо Димовски, претставниците на тутунарите и откупните компании, заштитена ќе биде најранливата категорија производители која се занимава со оваа дејност од егзистенцијални причини и остварува максимален принос до 500 килограми.

- Во оваа тешка ситуација кога сите се соочивме со сериозен проблем однадвор, најдовме решение кое ќе ги задоволи сите страни. За 24.500 тутунари од вкупниот број, речиси ќе нема намалување на производството. Производителите може да бидат спокојни, ќе се заштитат сите што одгледуваат тутун од егзистенцијални причини. Може да бидат убедени и во сигурен пласман, изјави вицепремиерот Ставрески.

Тој појасни дека при склучувањето на договорите што треба да заврши до 10-ти април, количините ќе се усогласуваат пропорционално.


Работна средба на министерот Љупчо Димовски со директорот на Агенцијата за храна и ветерина, Дејан Рунтевски
Дата на објава: 
17 Март 2014
jpg

На македонскиот пазар се продава квалитетно млеко особено од домашно производство. Моментно постои дисбаланс меѓу понудата и побарувачката на свежо свинско месо, а извозот на јагнешко бележи благ пораст. Ова се заклучоците од денешниот работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство  Дејан Рунтевски.

Како што информираа по средбата, досегашните испитувања на млекото не покажале ниту еден позитивен резултат на патогени или каква било неисправност, поради што бројот на мостри за анализа е намален, наместо еднаш неделно како досега, ќе се земаат еднаш во две недели.

- По аферата во Србија и регионот за афлатоксините, ситуацијата е под котрола. Секоја пратка млеко што доаѓа од овие подрачја се проверува и не се пушта во промет додека не се добијат задоволителни резултати, изјави директорот Рунтевски.


Реакција на министерството за земјоделство на соопштението на СДСМ
Дата на објава: 
16 Март 2014

Безидејноста на СДСМ се потврдува и со вечерашното соопштението во кое се бара одговор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за изнаоѓање на решение во склучувањето на договорите помеѓу тутунопроизводителите и откупувачките претпријатија.

Дисквалификациите кои се користат во соопштението кон институциите на државата веројатно во СДСМ се сметаат за сосема прикладни.

Ја информираме јавноста дека во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство предмет на анализа се 34.609 договори кои тутунопроизводителите Е потребно да ги склучат со откупувачките претпријатија.


Реакција на министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМ
Дата на објава: 
16 Март 2014

Серијалот на наводно внимание на таканаречените стручни и загрижени во СДСМ за земјоделските состојби продолжува. Овој пат на тема тутунопроизводство и откуп на ориенталниот тутун, реколта 2013 година.

Веројатно на таканаречените стручни и загрижени во СДСМ не им позната или свесно ја премолчуваат вкупната количина на ориенталниот тутун.

Затоа за нивно подобро разбирање на проблематиката ги повторуваме вкупно 32.894.205 килограми ориентален ситно листен тутун, договорени количини помеѓу тутуно производителите и откупувачките компании. Количина која во времето на сите влади на СДСМ беше незамислива за производство, уште помалку предмет на договор.

Наместо лицемерно да се грижат за наводната преостаната количина тутун, која само ним им е позната, ги потсетуваме на нивната постојана кампања за време на откупот. спроведувана преку нивните активисти, да создаваат немир и неизвезвесност, сето на штета на непосредните производители.


Syndicate content