Сектор за шумарство
1. Одделние за пошумување и одгледување на шумите
- Годишна Програма за проширена репродукција на шумите;
- Договори за пошумување на голините, нега на шумски култури и мелиорација на деградирани шуми и шикари, за производство на шумски саден материјал и други договори
- Решенија, одобренија, мислења и други акти поврзани со производството, регистрацијата, извозот и увозот на шумски саден и семенски материјал, како и со други пошумувачки работи
- Врши теренски увиди на реализираните работи по Програмата и врз основа на констатираното изготвува записници
2. Одделение за заштита на шумите
Одделението:
- Ја следи здравствената состојба на шумите;
- Предлага мерки за сузбивање на каламитетни појави на растителни болести и штетници и епифитоции од растителни болести;
- Ја следи состојбата со заштита на шумите од пожари и од други абиотски и биотски негативни фактори;
- Подготвува извештаи, информации, анализи и предлози во врска со заштитата на шумите од биотски и абиотски фактори;
- Врши контроли на терен во врска со појавата на штетни инсекти и растителни болести и изготвува записници врз основа на констатираната состојба на терен;
- Врши и други работи кои произлегуваат од законските прописи, а се однесуваат на заштитата на шумите;
3. Одделение за ловство
Одделението:
- Подготвува извештаи, информации и анализи во врска со состојбите во ловството;
- Подготвува јавни конкурси за давање на дивечот на користење по пат на концесија;
- Врши обработка на комплетната документација на пристигнатите понуди за користење на дивечот во ловиштата;
- Подготвува Одлуки до Владта на Република Македонија за давање на дивечот на користење по пат на концесија;
- Подготвува договори за користење на дивечот во ловиштата и нивно изменување и дополнување;
Организира и ја следи целокупната постапка за изработка и донесување на Општата и посебните ловностопански основи;
- Врши контрола на обработените годишни програми за стопанисување со дивечот во државните ловишта;
- Учествува во изработка на документацијата за одобрување на елаборати за изградба на оградени простори во ловиштата;
- Изготвува прдлози до Владата на РМ за формирање на репроцентри;
- Подготвува документација и одобренија за внесување на нови неавтохтони видови на дивеч во Република Македонија;
- Подготвува документација и одобренија за застрел на дивеч под трајна заштита;
- Врши и други работи што ќе му ги довери помошникот на раководителот на секторот и раководителот на секторот и за својата работа одговара пред нив.
4. Одделение за уредување и користење на шумите
Одделението:
- Организира и го следи изготвувањето на Општиот и посебните планови за стопанисување со шумите;
- Разгледува и води евиденција на изготвените посебни планови за стопанисување со шумите;
- Изготвува решенија за одобрување на посебни планови за стопанисување со шумите;
- Разгледува и дава мислење за изменување и дополнување на посебните планови за стопанисување со шумите;
- Разгледува и дава мислење на програмите за уредување на приватни шуми;
- Подготвува одобренија на барања за сеча во шуми кои не се опфатени со посебните планови;
- Разгледува барања и подготвува мислења за користење на минерални суровини, изградба на инвестициони и други објекти во шума;
- Прибира и обработува податоци и изготвува информации за уредување и користење на шуми;
- Подготвува одобренија за извоз на дрвни производи и други шумски производи;