Јавен Оглас

Објавен оглас за давање во закуп на над 149 хектари државно земјоделско земјиште во Светиниколско
Дата на објава: 
28 Март 2012

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, денеска  објави оглас за давање во закуп на 149ха 37ар 97м2 земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионот Свети Николе за катастарските општини Сарамзалино, Каратманово, Лозово, Милино, и Дорфулија.  

 

Право на учество на јавниот оглас за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост, имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

 

Понудата треба да се поднесе до  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Скопје во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.

 

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02 313 44 77 или да ја посетат веб страницата на  Министерството  www.mzsv.gov.mk 

 

Додаток за превземање: 

Објавени конкурси за организирање на рекреативен риболов на реките,езерата и акумулациите
Дата на објава: 
22 Март 2012

Согласно Одлуката за распишување на јавен конкурс за давање на концесија за организирање на рекреативен риболов на рибите од риболовните ревири и рекреативните зони број 51-7989/1 од 27 декември 2011 година објавена во Службен весник на Република Македонија број 23 од 15 февруари, Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска објави јавен конкурс за давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов.Предмет на овој оглас се рибите од риболовните ревири на сливовите на реките Вардар, Треска, Пчиња, Црна река, Брегалница, Струмица, Црн Дрим и сливот на Преспанското езеро, како и рекреативните зони на Охридското,Преспанското и Дојранското езеро и повеќе вештачки езера –акумулации на кои согласно риболовните основи е предвидено организирање на рекреативен риболов.

Концесијатаза организирање рекреативен риболов се дава за период од шест години .

 

Додаток за превземање: 

Објавени конкурси за вршење на стопански риболов на Охридско, Дојранско, Преспанско Езеро и на акумулацијата Шпилје
Дата на објава: 
14 Март 2012

Министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави јавен конкурс за давање на концесија за вршење стопански риболов на рибите од риболовните подрачја Охридско и Преспанско Езеро, за риболовните зони на Дојранското Езеро и на вештачкото езеро - акумулација Шпилје. Согласно одредбите на Законот за рибарство и аквакултура концецијата се дава за период од шест години. Рокот за доставување на понудите изнесува 52 дена од денот на објавување, вклучително и денот на објавување на истите.

 

Право на учество на конкурсите имаат домашни и странски правни лица кои  се регистрирани за вршење на дејност рибарство, кои имаат вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на природните науки (рибарство) или склучен договор за соработка со научна или образовна установа од областа на рибарството. Заинтересираните треба да располагаат и со минимум опрема потребна за вршење риболов утврдена во риболовната основа.

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Ј а в е н П О В И К бр. 01/12 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост
Дата на објава: 
10 Март 2012

 

 

 

Врз основа на член 25-б од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11 и 148/11) по Одлуката бр.22-2547/1 од 08.03.2012 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавува

 

 

Ј а в е н П О В И К    бр. 01/12

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за подигнати долгогодишни насади за времетраење од 30 (триесет) години за следните катастарски општини:


Ј А В Е Н О Г Л А С бр. 02/12
Дата на објава: 
6 Март 2012

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 02/12

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионот Битола

Додаток за превземање: 

Syndicate content