- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
ЗПИСЗемјоделски пазарен информативен систем
Интернет страна на Земјоделски пазарен информативен систем (ЗПИС)
Земјоделски информативен систем (ЗИС) и Интегриран систем за администрација и контрола (IACS) на политиките на поддршка на земјоделството и руралниот развој
За поддршка на изготвувањето на анализи за поставување, спроведување, контрола и следење на ефектите на земјоделска политика и политиката за рурален развој, неопходно е воспоставување на Земјоделски Информативен Систем (ЗИС) како еден од најзначајните краткорочните приоритети од процесот на интегрирање во ЕУ дефинирани во НПАА во делот на хоризонталните прашања. Предвидените активности опфаќаат воспоставување, операционализација и поврзување на следниве административни, контролни и информациони елементи од интегрираниот систем: Единствен регистар на земјоделски стопанства, Систем за идентификација на земјишни парцели (ЛПИС), Мрежа на сметководствени податоци на фарма (ФАДН), Пазарен информативен систем и подобрување на земјоделските статстики. Дел од нив се составни елементи или се во функција на Интегрираниот административен и контролен систем (ИАЦС) за имплементирање и мониторинг на мерките за директни плаќања и рурален развој. Целосното функционирање на системите ќе овозможи поставување на ефикасни политики базирани на потребите и проблемите во секторот, нивно успешно имплементирање со максимално редуцирање на неправилностите и злоупотребите, подобрена контрола и проценка на ефектите од политиките. Интегрирањето на различните бази на податоци и регистри треба да ги олесни процедурите на аплицирање на земјоделците за политиките на поддршка и ќе обезбеди корисни податоци за деловниот сектор. Согласно Законот за земјоделство и рурален развој, МЗШВ е одговорна институција за воспоставување на интегриран информативен систем на податоци кој треба да обезбеди прибирање и обработка на податоци за земјоделскиот сектор, координација и оддржливост во размената на податоци со другите релевантни институции, како и дисеминација на податоците до крајните корисници. Министерството од почетокот на 2007 година интензивно спроведува дел од активностите поврзани со воспоставување на регистрите/базите на податоци кои се составен дел на ЗИС. Интензивирањето на овие активности вклучува набавка на потребните хардверски, софтверски и комуникациски решенија, инстиуционално зајакнување пред се во делот на човечкиот капацитет, и поставување на соодветни процедури на интеринституционална соработка при размена на податоците и нивен проток до крајните корисници. |