- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
НовостиЈАВЕН ОГЛАС за закуп на земјоделско земјиште за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
Дата на објава: 14 Јули 2018Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува Документите можете да ги преземете на следниот линк: https://goo.gl/fZzbDm Потпишани договори помеѓу Македонија и ФАО–Поголема конкурентност на земјоделството и мерки за справување со климатските промени
Дата на објава: 11 Јули 2018Зголемена конкурентност на земјоделскиот сектор, подобрување на животот во руралните средини преку одржлив рурален развој, одржливо управување со природните ресурси и справување со климатските промени, се главните приоритетни области на трогодишниот договор за соработка што беше потпишан помеѓу Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации и Владата на Република Македонија. Општинските комисии во ресенскиот и прилепскиот регион започнаа со проценки на штетите од невремето
Дата на објава: 10 Јули 2018Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните власти денеска излегоа терен во увид на штетите врз земјоделските посеви од вчерашното невреме во преспанскиот регион. Преспанскиот регион е дури шест пати опфатен од невреме од месец мај до денес. Токму затоа Комисијата за проценка на штети е веќе формирана и активна. Според првичните информации поројниот дожд и град во регионот предизвикал најголеми штети во село Јанковец, Ресен, делови од селата Златари и Сопотско. Општината комисија веќе е излезена на терен и врши проценка на штетите предизвикани од невремето, а првите прецизни проценките на оштетените јаболки ќе можат точно да се соопштат следната недела. Сепак, според првичните проценки штетите врз насадите се од 70 до 80 отсто. Продолжен рокот за јавниот конкурс за давател на јавни услуги, спроведување на мерки и активности од ЗОПОД
Дата на објава: 10 Јули 2018Врз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10, 23/13, 149/15 и 39/16), а во согласност со дел I мерка 6 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година (,,Службен весник на Р.М”бр.17/18, 62/18 и 100/18) Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува: Додаток за превземање: За прв пат Македонија годинaва ќе биде земја партнер на Р. Словенија на меѓународен саем за храна и земјоделство „АГРА 2018“
Дата на објава: 10 Јули 2018Република Македонија ќе учестува како земја партнер на 56-то издание на Меѓународниот саем за земјоделство и храна АГРА 2018, што ќе се одржи од 25 до 30 ти август, во Горна Радгона, Република Словенија. Оваа година фокусот на саемот ќе бидат младите земјоделци и нивното вклучување во агро бизнисот. |