Јавен повик

Дата на објава: 
30 Ноември 2011

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на финансискa поддршка на проекти од областа на земјоделството и руралниот развој

 

1. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

 

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка:

- за научно-истражувачки, апликативни и проекти во тек на имплементација од областа на земјоделството и руралниот развој кои имаат за цел:

-        Подршка во процесот на земјоделското производство;

-        Подобрување на човечките ресурси во земјоделството и руралниот развој;

-        Подобрување на преносот на знаењето од науката до примарните производители;

-        издавање на стручни материјали од областа на земјоделството и руралниот развој (едукативни, информативни, научни и пропагандни материјали) кои имаат за цел остварување на стратешките развојни цели на МЗШВ.

2. ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ И МАКСИМАЛЕН ИЗНОС НА ПОДДРШКАТА

Согласно предметот на овој јавен повик од точка 1, прифатливи трошоци се:

-       за ангажман на експерти;

-       трошоци за истражувања;

-       трошоци за инвестициони вложувања за остварување на целите на проектот, а кои не се поддржуваат преку останатите програми на МЗШВ за поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2011 година;

-       трошоци за подготвка, дизајн, и печатење на публикации.

Максималниот износ на поддршката по проект е 300.000,00 денари.

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: