Соопштение

Дата на објава: 
20 Август 2010

Стапи во сила Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистар на одгледувачи на риби, формата и содржината на образецот на пријавата за запишување во регистарот на одгледувачи на риби и формата и содржината на образецот на изводот од регистарот.

 

Со стапување во сила на Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистар на одгледувачи на риби, формата и содржината на образецот на пријавата за запишување во регистарот на одгледувачи на риби и формата и содржината на образецот на изводот од регистарот, субјектите кои се занимаваат со дејност аквакултура за непречено вршење на дејноста и пласман риба на пазарот потребно е да се запишат во регистарот на одгледувачи на риби.

 

Заинтересираните субјекти потребно е да достават три документи и тоа:

 

-пријава (Прилог 2 од Правилникот  за формата, содржината и начинот на водење на регистар на одгледувачи на риби, како и формата и содржината на образецот на пријавата за запишување во регистарот на одгледувачи на риби и формата и содржината на образецот на изводот од регистарот),

 

-доказ за регистрација на дејност и

 

-доказ за сопственост или користење на рибникот, полурибникот, кафезот, оризиштето или други одгледувалишта на риби.

 

Задолжителната придружна документација се доставува во оригинал или копија заверена на нотар.

 

Пријавата со потребните прилози се доставува лично или по пошта до архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса ул.Јуриј Гагарин бр.15 Скопје.

 

Овој Правилник произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура кој беше донесен во месец мај годинава.