СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКА ЗА ЗАШТИТА НА ПАЗАРОТ НА ПЧЕНИЦА И БРАШНО

Date of publication: 
6 August 2010

"СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКА ЗА ЗАШТИТА НА ПАЗАРОТ НА ПЧЕНИЦА И БРАШНО"


Се известуваат сите заитересирани страни дека на ден 17.07.2010 година стапи на сила „Одлуката за воведување на мерка за заштита на пазарот на пченица и брашно, со врзување на количините на увоз на пченица и брашно, со откуп на пченица произведена во Република Македонија“, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 94/2010. Надлежен орган за спроведување на оваа мерка на граница е Државниот Инспекторат за земјоделство кој воедно по барање на заинтересираниот субјект за увоз на пченица и/или брашно  врши инспекциски надзор за откуп на пченица од реколта 2010 година.  Образецот „Барање за инспекциски надзор за откуп на пченица од реколта 2010 година“ може да се подигне во најблиската подрачна единица, директно во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (на адреса „Јуриј Гагарин“ бр. 15, 1000 Скопје) или во електронска форма на веб-страната www.mzsv.gov.mk.

 

Пополнетото барање се доставува лично во најблиската подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. “

 

Прилози кон Соопштение:

- Образец „Барање за инспекциски надзор за откуп на пченица“

- Одлуката за воведување на мерка за заштита на пазарот на пченица и брашно