СООПШТЕНИЕ

Дата на објава: 
3 Мај 2010
Bilateralna sredba Izrael 002.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска се сретна со Хаим Дивон, амбасадор на Израел за Република Македонија и директор на Центарот за меѓународна соработка на Израел (MASHAV).

 

Министерот Димовски и Дивон контатираа дека соработката на Репблика Македонија и на Израел е на високо ниво, но, на полето на земјоделското производство таа може да се продлабочува и тоа преку организирање на израелска експертска обука за одделни земјоделски  сектори.

 

За да има евидентен напредок во развојот на земјоделското производство, важно е констатираа министерот Димовски и израелскиот амбасадор, прво да се обединат производителите, а потоа и науката и надлежните институции на системот.

 

-Владата дава финансиска поддршка  за  развој на примарното производство и за организирање на земјоделците со цел тие полесно да се адаптираат на новите услови на производство и стопанисување и посигурно и побрзо да ги пласираат земјоделските производи на европските пазари. Преку програмите за финансиска поддршка, даваме поддршка и на руралниот развој, органското производство каде  гледаме голем потенцијал – рече минстерот Димовски.

 

Во областа на наводнувањето, во соработка со Светска Банка почнат е процесот на трансформација на водните заедници, а во завршна фаза се и неколку капитални инвестиции со кои ќе бидат наводнувани околу 20 илјади хектари земјоделска површина и тоа  преку најсовемени системи за наводнување