ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари

Дата на објава: 
7 Февруари 2018

Врз основа на член 21-а став 1 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.02/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање (“Службен весник на Република Македонија“ бр.17/18), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува

 

Јавен ОГЛАС бр.02/18

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање


I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 758ха 76ар 35м2 во следните региони во Република Македонија:

 

Целиот ЈАВЕН ОГЛАС, Образецот на понуда по Јавен Оглас, Табелите со слободно земјиште по региони, како и Драфт верзијата за банкарска гаранција за учество на Јавен Оглас се во додатоците за превземање.