Јавен повик бр.01/16

Дата на објава: 
21 Март 2016

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Врз основа на член 25-б став 1 и став 2 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15,98/15, 154/15, 215/15 и 7/16), по Одлука бр.17-3318/1 од 10.03.2016 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

 

Ј а в е н П О В И К    бр.01/16

за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште

во државна сопственост над 3 хектари

I.ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Берово, Битола, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Кратово, Крушево, Куманово, Македонски Брод, Неготино, Охрид, Свети Николе, Струга, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Штип, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба и Чаир.

Предмет на постапката од глава I, став 1 на овој јавен повик може да биде само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

Предмет на постапката од глава I, став 1 на овој јавен повик е само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост на кое се подигнати долгогодишни насади со старост најмалку од пет години.

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: