Соопштение

Дата на објава: 
29 Декември 2009

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, денеска го посетија поплавеното подрачје во општина Пласница.

 

Тројцата министри оставaрија средба со Исмаил Јахоски, градоначалник на општина Пласница и претсатвници на оваа локална самоуправа. Поплавата која што е настаната со излевањето на реката Треска поради наглото топење на снегот и високата подпочвена вода,  нема направено големи штети во однос на земјоделските површини. Поплвени се околу 5 хектари земјоделско земјиште.

 

Бидејќи се работи за нерегулирано и непрочистено речно корито, министерот Димовски и локалната самоуправа се договорија точно да се дефинираат критичните места каде што доаѓа до излевање на речното корито и да се стават на приоритетната листа за чистење на речните корита и одводните канали за идната година.

 

Инаку водата во поплавеното подрачје денеска се повлекува, а Министерсвото за земјоделство и понатаму ќе ја следи состојбата.