Повик за изразување на интерес за земјоделско земјиште за Џумајлија во Република Македонија

Дата на објава: 
9 Март 2015

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на Р.М. објавува повик за изразување на интерес со цел закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост во Џумајлија, со површина од 4,435 ха (локација, источниот дел на Македонија). Целта на огласот е заинтересираните компании да достават писмо за интерес за инвестирање во земјоделскиот сектор.

 

Компаниите треба да достават бизнис план кој го вклучува следново:

- Износ на вкупните инвестиции;

- Опис на применетите технологии, спецификација на механизацијата, и

- Планираниот број на вработени по години;

 

Со цел да се идентификуваат заинтересирани страни, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на Р.М. ги поканува потенцијалните инвеститори да достават писмо за изразување на интерес.

Писмото за изразување на интерес треба да биде доставено до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во електронска форма, рок за доставување: до 22 април 2015. (За дополнителни информации, слободно контактирајте ги контакт лицата).

 

Писмото за изразување интерес треба да содржи профил на компанијата (вклучувајќи сопственичка структура, преглед на финансиски извештаи за последните три години, и краток опис на бизнис планот).

 

На следниот линк ќе може да ја превземете брошурата која ги содржи детланите информации www.mzsv.gov.mk

 

Писмото за изразување на интерес со бизнис планот мора да бидат испратени исклучиво на mail каде по добивањето на документот ќе се добие потвда.

 

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

“Аминта трети”,бр.2 1000 Скопје

www.mzsv.gov.mk

jane.novackov@mzsv.gov.mk

k.sekerovski@investinmacedonia.com

nevenka.stamenkovska@investinmacedonia.com

Додаток за превземање: