ЗАВРШИ КАМПАЊАТА “ЗДРАВА ХРАНА И ТОЧКА!”

Дата на објава: 
7 Декември 2009

Со пригодна манифестација се означи крајот на НАССР информативната и едукативна кампања Здрава храна и точка!”, во организација на Управата за ветеринарство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство наменета за сите оператори со храна од животинско потекло, особено за оние кои сеуште немаат имплементирано НАССР систем во своите компании или се во процес на имплементација.

 

Кампањата траеше 4 месеци и се состоеше од едукативен сегмент во кој учествуваа 64 претставници на компании и практичен сегмент во кој учествуваа 65 претставници на компании во процес на имплементација на НАССР системот. Во склоп на едукативниот сегмент се одржаа 3 семинари на кои свои предавања одржаа експерти на полето на системите за безбедност на храната од Македонија и од Хрватска. Практичниот сегмент се состоеше од 4 посети во компании со имплементиран НАССР систем каде присутните имаа можност да го утврдат во пракса она што го слушнаа теоретски на семинарите во склоп на кампањата.

 

За потребите на кампањата беше снимен и документарен филм кој беше прикажуван на секој семинар и беше поделен на сите учесници, како и на посетителите во компаниите со имплементиран НАССР.

 

HACCP системот е интернационално признаен како логична алатка за адаптирање на традиционалните методи на инспекција во современ систем за здрава храна. Базиран на контрола на ризикот, HACCP ѝ овозможува на индустријата и на Владата ефикасна алокација на ресурсите во втемелувањето и спроведувањето на практики за производство на здрава храна.