Соопштение

Дата на објава: 
23 Јули 2014

.Соопштение за јавност

 

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, ги известува сите заинтересирани лица кои користат земјоделско земјиште во државна сопственост кое им е доделено во постапка за  АРОНДАЦИЈА а ги немаат регулирано имотно правните односи,  дека  до 27 ноември 2014 година можат да поднесат Барање до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство  за склучување на договор за размена согласно член 16 од Закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште („Службен весник на Република Македонија” бр. 164/13), со кој  е пропишана постапка за регулирање на сопственичко правните односи за склучување на договор за размена.

Во прилог на барањето  потребно е да се достави следната документација:

-    ИЗЈАВА од барателот заверена на нотар под материјална и кривична одговорност со која потврдува дека 20 години непречено и непрекинато го владее земјоделското земјиште во државна сопственост кое му е доделено во постапка за арондација,

-       ИМОТЕН ЛИСТ Доказ за сопственост/, на земјоделското земјиште кое владение го отстапил во постапка за арондација,

-      ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ со мери и граници на земјоделското земјиште во приватна и државна сопственост кое е предмет на размена