Министерот Димовски се сретна со производители на јаболка од Ресен

Дата на објава: 
3 Декември 2009

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска одржа состанок со членови на Сојузот на здруженија „Обединети агропроизводители“ од Ресен.

 

На состанокот беше разговарано за повеќе прашања поврзани со производство и пласманот на јаболката како доминантна култура во преспанскиот регион.

 

Министерот Димовски ги информира производителите на јаболко дека е во постојан контакт преку македонските амбасади со заинтересирани комапнии за пласман и преработка на ресенското јаболко. Воедно посочи и дека идната година ќе биде разгледано нивното барање да се субвенционира производството на јаболка со по четири денари за килограм, но со можност поддршката да им се даде по површина, наместо по произведено количество.

 

Производителите на јаболко се пожалија на слабиот квалитет на заштитните средства за кои годишно одвојуваат големи финансиски средства. Поради тоа беше договорено  да се зајакне инспекциската контрола на средствата за заштита на растенијата.

 

Министерот ги информира производителите на јаболка дека се прави нова листа на дозволени препарати усогласена со регулативата на Европската унија.