Реакција на Министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМ

Дата на објава: 
14 Ноември 2013

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се заблагодарува на СДСМ за промоција на успешните политики за развој на земјоделството кои ги применува оваа Влада, и тоа за:

- доделените 500 милиони евра за развој на земјоделството наспроти 5 милиони евра во времето на СДСМ;

- зголемување на бројот на вработените во земјоделството од 20.000 нови работни места наспроти илјадниците избркани од работните места од уништените земјоделски комбинати во времето на СДСМ;

- трендот на постојано зголемување на земјоделското производство и тоа најмногу во сточарството наспроти драстичното намалување на земјоделската активност во времето на СДСМ;

- двојно зголемување на извозот на земјоделско-прехрамбени производи во однос на периодот на владеење на СДСМ и кој извоз континуирано расте со порастот на земјоделското производство и достигнува дури половина милијарда евра.

Ги упатуваме СДСМ на прашањето дали треба или не да има субвенции во земјоделството и каква е корста од субвенциите да ги запрашаат самите земјоделци.

На крај ги замолуваме СДСМ да престане да ги омаловажува 100 – те илјади земјоделски семејства корисници на субвенции оквалификувајќи ги како партиски војници бидејќи поделбата на субвенциите е само врз основа на она што е утврдено во програмите за финансиска поддршка и се спроведуваат врз основа на принципите и механизмите на Европската Унија наспроти хаосот и селективноста во доделувањето на ионака скромните субвенции во времето на СДСМ.