С О О П Ш Т Е Н И Е

Дата на објава: 
1 Ноември 2013

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНИТЕЛ НА ТУТУН

 

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за испит за полагање заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 15 НОЕМВРИ 2013 година.
Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Заинтересираните кандидати заедно со пријавата (која се наоѓа во прилог на ова соопштение) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот треба да ги приложат следните потребни документи:  

1. Кандидатите со соодветно образование треба да приложат:
-диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун;

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат:
-потврда од фирмата за работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун и/или копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:
*високо образование со две години работен стаж,
*вишо образование со три години работен стаж,
*средно образование со четири години работен стаж.

3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун непрекинато најмалку последните пет години треба да приложат:
-договори за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование.  
4.  Кандидатите мора да имаат завршено средно образование.

Пријавата заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 15.11.2013 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: улица "Аминта Трети" бр.2, Скопје 1000.
За трошоците, местото и датумот на одржување на испитот за полагање, заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат законските услови, дополнително ќе бидат известени.