Ј А В Е Н П О В И К

Дата на објава: 
15 Мај 2013

Ј а в е н П О В И К

за техничка поддршка за учество на саемски манифестации и саеми на земјоделски производители и преработувачи

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на предлог за користење на техничка поддршка за патни и дневни трошоци на учесниците-изложувачи на саемски манифестации и саеми на земјоделски производители и преработувачи (во понатамошниот текст: предлог за користење).

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКАТА

Корисници на техничката поддршка се учесници/изложувачи на саемска манифестација. Право на учество на јавниот повик за доставување на предлог за користење имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистер на земјоделски стопнатва (ЕРЗС) при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во понатамошниот текст Министерство), преработувачи на земјоделски производи регистрирани согласно Законот за безбедност на храна, здруженија на земјоделски производители и/или здруженија на преработувачи на земјоделски производи регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, стопанските комори основани согласно закон, задруги регистрирани согласно Законот за задругите за вршење на земјоделска дејност и/или за трговија со земјоделски производи.

 

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: